Словенците од понеделник ќе го укинат задолжителното носење заштитни маски во образовниот процес за учениците и студентите.
Здравствените власти ја одобрија можноста за вакцинација со вакцината Фајзер/БиоНТек/ за младите од 12 до 18 години, потврдила владата.
Одлуката за вакцинирање на деца следи по препораката на Европската агенција за лекови (ЕМА), која пред десетина дена соопшти дека нема безбедносни ризици и дека имунолошкиот одговор кај оваа возрасна група е сличен на оној кај возрасните, изјави за новинарите инфектологот Бојана Беовиќ.
Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.823 инфекции, со нешто над 30.000 активни случаи, додека општата епидемиолошка состојба продолжува да се подобрува, поради што владата, по препорака на епидемиолозите, одлучила да го укине задолжителното носење маски во училишта.
Бројот на хоспитализирани пациенти опаѓа, а одделенијата за интензивна нега за пациенти со Ковид во две болници се затворени оваа недела, изјави министерот за здравство Јанез Поклукар по седницата на владата, додавајќи дека е донесена одлука да се прекине обврската за носење маски во училниците.
Ова важи за целото времетраење на образовната програма, освен ако не се работи за клиничка пракса, вежби и слично надвор од училиштето или факултетот, објаснил министерот.