Сигурно сте ја слушнале старата поговорка „Кој рано рани, две среќи граби“.
Можеби тоа најчесто нѐ поврзува со времето кога родителите нѐ учеле да си легнуваме и да се будиме рано и да не доцниме за на училиште, но како што растеме сфаќаме дека среќата се состои во многу поголеми работи.
Доброто здравје, слободното време, намалување на стресот, чувството на исполнетост и продуктивност... тоа е она што ја сочинува среќата. А сето тоа е подостижно само ако почнете да се будите порано и го почнете денот смирено и без брзање.