Лебот и други основни продукти да се продаваат без маржа, ова е намерата на владата, објави Телма во Вестите во 12:30
Утрово министрите за економија и за финансии имале состанок со преставници на групацијата на маркетите на оваа тема но за сега нема дефинитивен одговор каков е исходот од средбата..
Во меѓувреме Бектеши објави ФБ статус во кој наведува дека синџир маркети се согласил цената на лебот да не ја качува над 27 денари, односно таа да се движи меѓу 25 и 27 денари.
Економските министри се во владата за да се утврдат понатамошните мерки во однос на цените на основните производи.