Од 2022 година, премореноста од работа ќе биде официјална болест од која ќе можеме да се лечиме и за која ќе мора да одиме на лекар, соопштила Светската здравствена организација.
Светската здравствена организација ја опишала премореноста како болест предизвикана од хроничен стрес на работа. Одлуката била донесена откако била разгледувана цела година како можна опција.
„Ова е прв пат премореноста од работа да биде препознаена и означена на овој начин“, соопштуваат од Светската здравствена организација.
Некои од главните знаци за премореност се:
- Недостаток од сон
- Нестабилно варење на храната и лоша дигестија
- Висок крвен притисок
- Лошо расположение
Во симптомите исто така се вбројуваат и размислување за работата по работното време, лоша концентрација, слаба интеракција со луѓе и недостаток од време за сите работни обврски, како и за приватните обврски.
Британскиот експерт за стрес и последиците што стресот ги остава, Фил Паркер, објаснува дека е исклучително важно да се препознаат симптомите за премореност на време со цел да се спречат сериозните последици.