По енормниот раст што се случи во само неколку дена, од полноќ литро нафта ќе се точи за 9 денари помалку а литро бензин за 6 и пол денари помалку.
Според новиот ценовник кој го објави Регулаторна, дизелот ќе чини 88 денари, ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 86,5 денари а 98-цата 88,5 денари по литар. Намалувањето на цените на горивата се должи на изгласаниот пакет антикризни мерки со кои се намалува акцизата а ДДВ-то падна од 18 на 10 проценти.
Освен интервенциите во давачките за горивата, се укинува и ДДВ-то на храната а мерката ќе почне да се применува од следната недела. Повластената стапка од 5% ДДВ на струјата за домаќинствата се продолжува до крајот на годината.
Министерот за финансии Фатмир Бесими кажа дека фискалната импликација за три месеци колку што траат мерките е околу 27,5 милиони евра, додека за електричната енергија е околу 44 милиони евра на годишно ниво.
Министерот за економија Бектеши истакна дека домашните капацитети работат со полна пареа и нема простор за паника од недостаток на основните прехрамбени продукти.
Пакетот антикризни мерки чини 400 милиони евра, од кои 90 милиони се откажување од приходи, а 310 милиони се директни фискални расходи.