Можеме ли да очекуваме поевтинување на горивата, откако цената на нафтата од типот брент се стабилизира на околу 108 долари во моментов.
Претходните цени на горивата беа конфигурирани откако цената на барел нафта скокнаа и до 138 долари за барел.
Во моментов нафтата од типот Брент се продава по 108 долари, додека американската WTI по 105 долари за барел.
Денес Регулаторната Комисија за Енергетика би требало да ја оддржи својата редовна седница на која ќе ги утврди цените на горивата за следната седмица.