Бесплатни очни прегледи за дечињата од градинките во Центар
522 дечиња од најголемите групи во три градинки во Општина Центар ќе добијат бесплатни офталмолошки преглед, информираа од локалната самоуправа. Прегледите се прават во градинките од страна на стручни медицински тимови.
„Со овие бесплатни прегледи дечињата добиваат ран скрининг и детекција на оштетување на видот кој значително може да го помогне третманот доколку е потребен. Покрај прегледите на очињата нашите идни првачиња ќе добијат и потврди за упис во основните училишта“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Бесплатните офталмолошки прегледи се прават во соработка со болницата Санте Плус. Започнаа вчера во градинката „13 Ноември“, а ќе следуваат во градинките „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Кочо Рацин“.
Општина Центар е прва општина која обезбедува офталмолошки прегледи за децата во градинките.