Барселона ќе го смени името на стадионот поради нов договор со „Spotify“, објавија медиумите во Барселона.
Според изворот, сега новиот стадион на каталонскиот тим ќе се вика „Камп Ноу Спотифај“. Клубот и музичкиот сервис потпишаа спонзорски договор за три сезони. Спортифај ќе плати 280 милиони евра на Барселона за период од три сезони. Договорот вклучува рекламирање на машкиот и женскиот дрес на задниот дел од дресот, како и сопственоста на стадионот.
Договорот ќе стапи на сила од следната сезона. Платформата за стриминг музика има 381 милион корисници, од кои 172 милиони се клиенти кои плаќаат. Барселона со овој договор сака да ја подобри финансиската состојба која во моментов не е добра.