Според податоците објавени од Народната банка за банкарскиот сектор за 2021 година, македонските домаќинства должат 216 милијарди 241 милиони денари или околу 3,5 милијарди евра на македонските банки. Задолжувањето на граѓаните во 2021 година е зголемено за 7,2 отсто во однос на претходната година.
Најголемиот износ македонските граѓани го должат по основ на потрошувачки кредити 108 милијарди 893 милиони денари или 1,77 милијарди евра. Потоа следуваат станбените кредити со износ од 67,2 милијарди денари или околу 1,09 милијарди евра.
На кредитните картички граѓаните се задолжиле 21,75 милијарди денари, а на трансакциските сметки 13,57 милијарди денари.
За реновирање на деловен простор должат 778 милиони денари. Износот на автомобилските кредити е 242 милиони денари.
За кредити по други основи граѓаните должат 3,8 милијарди денари.
извор: denar.mk