Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од денеска осум прехранбени производи ќе се продаваат со нула ДДВ и ги повикува граѓаните да побараат фискални сметки во маркетите.
Така купувачите ќе проверат дали лебот, брашното, млекото, шеќерот, маслото, месото, оризот и јајцата се продаваат со или без ДДВ.
„Апелираме до граѓаните да си ја побараат својата фискална сметка во маркетите!“, напиша Бектеши на Фејсбук.
Од денеска основните производи за исхрана ќе се продаваат во трговијата со нула проценти ДДВ.
За сите маркети кои продаваат леб, брашно тип -400, млеко со масленост од 2%, 3,2% и 3,5 % масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз, и јајца денеска ќе мора да ги прилагодат фискалните апарати.
Одлуката ќе трае до 31 мај 2022 година.