Финансиските средства што државата ги издвојува за талентираните ученици и студенти кои се потребни за учество на меѓународен натпревар се минимални, односно во некои категории тие и сосем изоставуваат.
Kако што вели претседателот на Сојузот на математичарите на Македонија тие се принудени да спроведат систем на самофинансирање. Инаку СММ е само едно од повеќето здруженија кои се занимаваат со спроведување научни натпревари во земјава.
Како здружение на математичари тие вршат организирање и реализирање на неколку циклуси натпревари за учениците од основното и средното образование, организирање на школи и кампови, семинари, конференции и конгреси, континуирана издавачка дејност која се однесува на популаризација на математиката преку книги, збирки задачи, списанија за учениците од основните и средните училишта, како и меѓународно научно списание.
Според измените во законот за основно образование, МОН требаше да обезбеди средства за покривање на трошоци за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2022 година од областа на математиката, информатиката и природните науки за основно образование. На почетокот на овој месец, Министерството обајви јавен повик за доделување финансии за котизација и учество на меѓународни натпревари како и повик за парична награда за сите кои ќе освојат медал на меѓународен натпревар. Сето тоа е за основно образование, додека средношколците сè уште чекаат на ваква помош.
Од Сојузот се надеваат дека наскоро ќе се извршат аналогни измени и на законот за средно образование бидејќи за три меѓународни натпревари во моментов не се обезбедуваат средства.
Сојузот на математичарите на Македонија како едно од научните здруженија и организациски тела за спроведување на научни натпревари во земјава (покрај ДФРМ, СХТМ, ЗИМ) често добива поддршка и помош од училиштата кои ги организираат општинските и регионалните натпревари.
извор: meta.mk