Пиво, закуски, разладување, пријатели, нешто на кое неможете да одолеете бидејќи сте љубител на пивото. Сега е време да осмислите една поинаква авантура и посета на најдобрите пиварници во светот.
Hill Farmstead Brewery, Вермонт, САД
Совршен пример за квалитет и дегустација на пиво со стил. Поради тоа ова место е No. 1 според RateBeer ранг листата за 2020 година. Тука можете да најдете широк спектар на разновидни пива, вклучувајќи ги и Indian Pale Ale, Single Hop, Wheat Ale и овошни пива. Приказната за ова место започнува во 2010 година со основачот Шон Е. Хил како проект за средно училиште, но за само една деценија го достигна врвот. Неодамнешни видови на пива кои дебитираа тука и можат да се дегустираат се Ale со цреши и малина. Доста популарни пива тука се Helles — Marie и тие со органски германски слад.
Side Project Brewing, Мисури, САД
Специјализирана за пијалоци кои се 100 проценти базирани на зреење во буриња, како што се Saisons и Wild Ales. Ова е проект кој го започнале сопствениците Кори и Карен Кинг, како домашен експеримент, кое прераснало во ова што е денес во 2013 и во интернационално признаено пиво. Во 2020 година тие ја добиваат наградата за бизнис на годината и се прогласени за „Најдобра пиварница“ во Мисури петта година по ред од страна на RateBeer. Нивните пива Merci Blend #3, Side Project Punchdown Pinot Noir и Shared Barrel-aged Coconut Vibes ја носат титулата за најдобри пива на светот за 2019 година.
Mikkeller, Данска
Со присуство во околу 50 земји данската пиварница специјализирана за различни видови на пиво, вклучувајќи пиво од хмељов слад, како и спонтано ферментирани и овошни пива носи приказна која започнува во 2003 година. И оваа пивара е почната како домашен експеримент, но добро подготвените пива од страна на Микел Борг Бјергсо, основачот, ја имаат прославено и ги имаат издигнато нивните пива на едно посебно ниво. Најпопуларни пива им се IPA, lager, pilsner, stout, dark lager, pale ale и sour ale.
Tempest Brewing Co, Шкотска
Приказната за наградуваната пиварница започнала во 2010 година во гаража во Нов Зеланд, за потоа основачот Кевин да се пресели во Шкотска и таму да ја продолжи започнатата идеја. Ова овозможува да во 2017 година бидат домаќини на Спрингфест и Октоберфест. Нивните популарни пива се IPA, pale ale, безалкохолно, stout, barrel-aged scotch ale, lager и spiced imperial stout.
Cloudwater Brew Co, Англија
Компанијата е основата во 2014 година, со првото пиво создадено во 2015 година кое се придржува до конзистентноста во квалитетот, употребата на прецизни вкусови и најквалитетните состојки што се користат за изработка на најквалитетна пива. Нивната новина која е доста позната е Barrel програмата, што претставува пенести пива од 80 -тите, односно целата идеја потекнала од носталгичноста за појаки пива.