На менувачниците ќе им се овозможи да купуваат евра од банките при евентуален недостиг, иако располагаат со доволно девизи, соопштија од Народната банка, како дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар.
Ова е превентивна мерка, којашто се носи со цел да се направи уште еден заштитен слој на менувачкиот пазар, а во контекст на шпекулациите коишто станаа актуелни по почетокот на руско-украинската криза. Таа се презема за да се избегнат фиктивните притисоци на менувачкиот пазар кај овластените менувачи, информираа попладнево од Народната банка.
Мерката може да се смета дека е резултат што неодамна некои менувачници продаваа девизи по по курс кој беше повисок од оној што е определн нд НБМ и со тоа оздаваа фиктивна состојба на недостаток на девизи на пазарот, а кај раѓаните паника да купуваат девизи.
Од НБМ исто така потврдуваат дека курсот на денарот е стабилен и оти граѓаните непотребно се изложуваат на трошоци со купување на евра, а девизните резерви се на стабилно и високо ниво од 3,5 милијарди евра.
извор: skopskoeho.mk