Желбата за подостоинствен живот ја празни Македонија.
Загрижува фактот што не сопира трендот на одлив на висококвалификувани кадри. Најпримамливи се земјите членки на ЕУ, особено Германија и скандинавските земји, како и Велика Британија и САД. Причините се подобра работна позиција, повисока плата и, воопшто, поквалитетен живот.
Друг проблем е и внатрешната миграција. Познавачите алармираат дека за 5 години голем дел од помалите градови и села можат да останат без квалификувана сила. Затоа повикуваат на таргетирани мерки и за младите во внатрешноста.
Внатрешната миграција на релација провинција – главен град ќе стане уште поактуелна за многу скоро време и ќе се соочиме со ситуација да имаме комплетен недостиг на одредени кадри надвор од главниот град, што додатно ќе ги влоши состојбите.
56,8% од младите сметаат дека државата воопшто не придонесува за младите кои живеат во неразвиени рурални средини. Покрај тоа што треба да се направат мерки на национално, потребни се и мерки на локално ниво поради тоа што потребите на младиот човек во Скопје со оној од некоја рурална средина се навистина многу различни.
Од министерството за труд и социјала велат дека преку Оперативниот план и проектот за младинска гаранција нудат поволности за вработувања и доквалификација на младите за полесно да се вклучат на пазарот на трудот.
Иселувањето е проблем кој го имаат и некои земји од Унијата. За да ги врати младите назад, властите во Хрватска имаат донесено мерка за доделување неповратен грант од 26.500 евра со кои би инвестирале во сопствен бизнис.
извор: kanal5.com.mk