ЌЕ ВЛЕЗЕШ ВО ГРЦИЈА, АМА НЕМА ВО ПРОДАВНИЦА: Се е до траењето на сертификатот
Важењето на ковид сертификатите во објектите од внатрешноста на Грција е различна од таа која се признава на граница, па викендов некои македонски туристи биле затекнати и не успеале да влезат во сите објекти - продавници и ресторани.
Имено, иако за влез во земјата европскиот сертификат за вакцинација и прележана болест важат девет месеци по втората доза и шест месеци по првиот позитивен тест, за влез во затворените објекти во земјата, валидноста е помала, односно седум месеци за сертификатот е за вакцинација и 90 дена за потврдата за прележан Ковид-19.
„Слободно влеговме со сертификат кој го имаме по примена втора доза од кога е истечено 8 месеци, но внатре не не пуштаа никаде. Им даваче на читачите некаква „грешка“ и не попуштаа, вели еден наш сограѓанин.
За оние кои примиле бустер доза нема никакви ограничувања.