Поради актуелната геополитичка ситуација, Audi е принуден да го прекине производството
Во писмото до пратениците, кое било доставено од германскиот производител на автомобили до списанието Automobilwoche, Audi вели дека „ќе го запре производството на одредени локации“. Не е соопштено колку долго, но е кажано дека паузата „ќе трае со денови или недели“.
На удар се бројни модели, па проблемите со снабдувањето на пазарот секако ќе ги погодат A4, A5, A6, A7, TT, Q7 и Q8. Audi ги предупредува дилерите да бидат подготвени за „значително подолги листи на чекање“ за гореспоменатите модели.
Audi треба да започне со производство на A4, A5, A6 и A7 на почетокот на април, додека TT, Q8 и Q4 e-tron би можеле да се вратат во производство дури во втората половина на месецот, во намалени количини. Automobilwoche додава дека A1, A3, Q2 e-tron, Q5 и A8 се само минимално погодени од ситуацијата.
Да потсетиме, групацијата VW, а со тоа и Audi, е во голема мера зависна од производството на делови за кои е одговорна германската компанија со производствени капацитети во Украина.