Патниот правец Прилеп – Градско, на излезот на Прилеп кон Скопје, денеска во периодот од 11.00 до 13.00 часот, ќе има прекин на сообраќај.
Како што информираат од АМСМ, прекиот на сообраќајот е поради најава за организиран собир (штрајк).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информираат од АМСМ.
Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
извор: novamakedonija.com.mk