
Од следниот вторник, 29ти март, ќе се исплаќаат мартовските пензии кои ќе бидат зголемени за 1.000 денари. Ова се првите илјада денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и со мајската пензија
Од банкоматите ќе може да се подигнат пензиите од вторник, а истиот ден во банките ќе се врши и исплата на пензиите со висина до 11 илјади денари.
Веќе во среда, во филијалите и експозитурите на банките ќе се врши исплата на пензиите од 11.000 до 14.000 денари, во четврток од 14.000 до 18.000 денари, а во петок ќе бидат исплатени највисоките пензии над 18.000 денари.
извор: skopskoeho.mk