Софтверски инженер денес е многу барана и со самото тоа многу ценета професија. Ако сте во светот на програмирањето, сигурно веќе знаете која позиција како котира и каде, какви се платите и условите, но еве некои податоци кои можат да ви бидат корисни.
Најновото истражување укажало на тоа дека платите на инженерите ширум светот, при што американските програмери имаат многу повеќе пари „во џебот“ од нивните британски колеги.
Извештајот е направен врз основа не нејзината заедница од два милиони програмери (заедно со технолошлите регрутери) и покажал дека САД и понатаму е најдобрата земја за софтверските инженери, во контекст на платите, со просечна годишна плата од 95,879 долари.
Притоа, повеќе од 40 % од програмерите кои работат во САД заработиле повеќе од сто илјади долари годишно, а 5 % привлекуваат и повеќе од двесета илјади долари годишно, покажува извештајот. После САД се Швајцарија, каде просечната плата е 90,462 долари и Канада 71,193 долари.
Спротивно на овие развиени држави, Британија сепак заостанува, со просечна плата од 68,664 долари. Германија го зазела шестото место на оваа листа, со 61,390 долари, додека Франција паднала на деветто место со 47,617 долари.
Шпанија успеала да „упадне“ меѓу првите 10, со просечна плата од 39,459 долари за софтверските инженери. Овие експерти во Индија, Мароко и Тунис се на дното на табелата, со просек од 19,553, 18,318 и 16,796 долари, респективно.
Ако ги познавате програмските јазици како Clojure i DynamoDB, тоа „дебело“ се плаќа.