На главната бина на годинешниот фестивал „Егзит“ својот настап го потврди и повеќекратно наградуваната австралиска раперка Иги Азалиа, една од најголемите хипхоп-ѕвезди на денешницата, со повеќе од 10 милијарди емитувања и дури 70 милиони продадени албуми. Во јули на Петроварадинската тврдина пристигнуваат уште две имиња од годишната топ 10 листа на славниот диџеј Маг – ценетиот диџеј и продуцент Афроџек и најголемата бразилска суперѕвезда Алок, како и германскиот хитмејкер Ејтиби.
Сите тие им се придружуваат на претходно објавените големи имиња, меѓу кои се и некои од најголемите светски ѕвезди, како Калвин Харис, Ник Кејв енд д Бед Сидс, Џејмс Артур, Маскд Вулф, Џоел Кори, Џек Џонс, Борис Брејча, Хани Дижон, Масео Плекс, Реинер Зоневелд, Монолинк, Денис Султа, Сепултура, Напалм Дет, Марки Рамон и многу други.
Новото издание на фестивалот „Егзит“, под слоганот „Заедно. Засекогаш!“, ќе биде одржано од 7 до 10 јули, а наскоро ќе бидат објавени и нови големи имиња од програмата за славната „Денс-арена“. Поради огромниот интерес, актуелните цени на стандардните фестивалски влезници ќе важат најдоцна до петок, 8 април, до крајот на денот.
извор: novamakedonija.com.mk