Илјадници корисници ширум светот се разбудија со информацијата дека нивните профили на Фејсбук се заклучени без јасно објаснување.
Корисниците на популарната мрежа беа информирани дека нивната сметка на Фејсбук е оневозможена бидејќи не е во согласност со стандардите на заедницата и дека одлуката не може да се отповика.
Од матичната компанија Мета велат дека се уште истражуваат за што се работи.
Во твит, Енди Стоун од Мета рече: „Свесни сме дека некои корисници имаат проблеми со пристапот до нивните профили на Фејсбук и работиме да го решиме овој проблем што е можно поскоро“.
Тој не откри колку корисници биле погодени, ниту за што точно се работи.
„Долго време немам објавено или коментирано ништо, така што е многу малку веројатно дека сум направил нешто што би можело да се протолкува како навредливо“, изјавила за Би-Би-Си Џен Робертс, корисничка чиј профил е затворен.
Но, и покрај тоа што не е страствен корисник на Фејсбук, таа утрово доби вознемирувачка порака дека нејзиниот профил е заклучен.
„На тој профил останаа сите слики од моите студентски денови и семејни настани. Го изгубив пристапот до спомените на возраст од 15 и повеќе години. Тоа навистина ме растажува“, додаде таа.