По посетени вкупно 14 градски и рурални подрачја низ целата држава, во Струга денеска ќе заврши караванот за вакцинација против КОВИД-19.
Освен можноста да се прими вакцина против вирусот, медицинските екипи, Црвениот крст и студенти од медицински здруженија презентираа веродостојни информации за вакцинацијата и придобивките од неа, како и за ризиците од одложување на вакцинирањето.
Караванот за промоција на вакцинацијата како безбедна имунизација започна на 21 март во Шуто Оризари, а ќе заврши денеска во Струга, каде од 11 до 15 часот на новото шеталиште граѓаните ќе можат да се имунизираат против коронавирусот.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, речиси 41,2 проценти од вкупното население во земјава е вакцинирано со две дози, а со помош на Караванот пријавено е зголемување од над 11 отсто во просечниот дневен број на вакцинирани лица.