Митко Јанков од село Ораовец, Велес цел живот се занимава со овчарство. Вели дека иако за 100% целосно се покачени трошоците, сепак цената на јагнето останува иста.
„Состојбата е жалосна кај нас. Од една страна од трговците, затоа што јагнето на светски берзи на месо расте, а кај нас сто во место. 160 денари беше од почетокот за Нова година беше 200 и 210 денари, потоа падна и се задржа на 160 денари“, истакне Митко Јанков.
Вели дека цената се држи вештачки, а се помалку има одгледувачи. Годишно се извезуваат 190 илјади јагниња, а највеќе во Италија, Албанија, Бугарија.
„Моментална цена на бугарското јагне е околу 3 евра или нешто повеќе за живо што го откупуваат од кај сточарите, а доаѓаат и купуваат од кај нас јагне и не обвинуваат нас дека ние продаваме евтино јагне. Но, не сме ние тие кои ја диктираат цената. Тоа го прават тројца луѓе во државата тие се главните откупувачи“, додава Митко Јанков.
Грција и Бугарија се соочуваат со недостиг, па приморани се да увезуваат. Проблем е царината оти Македонија не е дел од Европската унија, дополнително и болестите кај добитокот се проблем при извозот.
„Би апелирал до АХВ да се исчисти тие портокалови, црвени, иако црвени мислам нема и да почнеме да извезуваме јагне за Европа. Да не се држиме на еден традиционален пазар кој знаеме дека не удира и по цена и по џеб на сточарите“, вели Митко Јанков.
Вангелина Пармачка од истокот на земјава од мали нозе се занимава со сточарство. Вели дека продолжила со тоа откако се омажила оти во Малешевијата немало вработувња.
„Фамилија, како борба за опстанок. Тука најдовме решение. Прво почнавме со мал број, а сега нашиот број е околу 500-600 вкупна бројка на овци“, вели Вангелина Пармачка.
Економската криза не е единствен проблем, дополнително се соочуваат и со климатските предизвици.
„Значи ние сме во Малешевијата каде што зимите се подолги, ладни а летата почнуваат да се менуваат и да се суви. Така што нашиот приход од година во година ние се стремиме да го зголемуваме приходот, но тој поради климатските промени и иселувањето на народот немаме работна рака и ќе продолжиме понатаму да се бориме“, додава Вангелина Пармачка. .
Државата ги субвенционира, но тоа не е доволно. Бараат јагнето да се направи стратешки производ.
„Овцата да влезе исто како тутунот стратешки производ на државата. Само така може да ја задржиме стоката, но свесни сме дека од година на година бројката многу паѓа. Иако сега кажуваат дека има 630 илјади овци, јас тврдам дека нема повеќе од 400“, вели Митко Јанков.
Тоа што Вангелина и Митко го одгледуваат е скапо и за граѓаните.
„Како што изгледа, сега и за Велигден ќе бидат 30-40% поскапи“.
извор: mk.tv21.tv