Преспанските јаболкопроизводители се жалат дека загубите им се огромни, дури и до 70 проценти.
„Состојбата со јаболкото во Македонија е во банкрот. Тотален банкрот. Шест години по ред, од 2016-та наваму, секоја година јаболката имаат лоша цена. Денар, пет денари, седум денари, десет денари. Не е ова една година. И ние самите не знаеме како понатаму“, изјави еден од овоштарите од село Горна Бела Црква, ресенско.
Инаку, во моментов, како што нерофицијално дознаваме, во Преспа на големо се откупувало јаболко за извоз во Србија по цена од само денар и пол до два за килограм.
извор: alfa.mk