Не само што масовно се гради, туку и цените за метар квадратен уриваат рекорди.
Во последниве шест месеци речиси е невозможно, ниту во подалечните населби од центарот на Скопје, да се најде стан за кој би платиле под 1200 евра од квадрат.
Неодамна Народна банка објави дека растот на цените на невижнини пораснал за дури 11, 2 процентни поени , а сега и Агенцијата за катастар ги потврди вртоглавите суми потрошени минатата година.
Лани, иако беше пандемиска година, за недвижности биле потрошени речиси една милијрада евра, што е за 220 милиони евра повеќе од 2020.
Според извештајот на Катастар лани биле потпишани над 24.000 дговори за купопродажба на недвижен имот.. Најголем дел од секако отпаѓаат на становите во главниот град.
Поскапувањата се должат на неколку фактори- поголемите трошоци за инвеститорите кои градат, но и зголемениот интерес кај купувачите, вели за Канал 5 претседателот на Градежната комора, Јакимовски.
Во минатите 20 години градежна експанзија имаше во Скопје, а според податоците до пописот, сега има скоро третина повеќе станови... Се изградиле 50.000, па сега главниот град има над 213.000 станови..
извор: kanal5.com.mk