Флорида официјално е најголемата држава која бара задолжителна финансиска едукација за срендошколците. Гувернерот на Флорида минатата недела го потпиша законот кој едногласно беше усвоен од Претставничкиот дом и Сенатот уште на почетокот на март.
„Овој закон ќе обезбеди основа за финансиско образование за учениците кое ќе можат да го применат во својот живот без разлика по кој пат ќе тргнат. Тоа ќе обезбеди основа за учениците да научат да управуваат со парите, да разберат што значи поимот долг, како да балансираат со чекови, да ги разберат основите на инвестирањето“ изјави гувернерот.
Новиот закон ќе важи за сите ученици кои ќе тргнат во деветто одделение во учебната година 2023-2024 година и ќе мора да одат на часови по финансиско образование ако сакаат да матурираат. uate.
Повеќе од 20 држави во САД имаат некаква форма на едукација за личните финансии во нивните наставни планови, а други имаат поднесено предлози за такво образование.