Сите вработени во јавниот сектор кои нема да добијат минимална плата за март во износ од 18 илјади денари, разликата ќе ја добијат откако во Собранието ќе бидат усвоени законските решенија кои тоа треба да го овозможат.
При носењето на законското решение за минимална плата од 18 илјади денари сите вработени во јавниот сектор ќе ја добијат, но за тоа е потребно да се изменат одредени закони кои во моментов не се променети и се во собраниска процедура, поради што Владата веќе минатата недела донесе заклучок со којшто ќе биде овозможено оние коишто нема во овој месец да ја добијат платата до 18 илјади денари таа разлика да им биде исплатена веднаш штом ќе биде донесе законот соодветен за административни службеници.
извор: libertas.mk