Поради нарушување во синџирот на исхрана, но и поради климатските промени, овие намирници би можеле најмногу да поскапат до крајот на годината:
- масти и масла, се очекува да поскапат за 6 до 7%
- свежо овошје, се очекува поскапување од 5 до 6%
- свеж зеленчук, се очекува поскапување од 1 до 2%
- преработено овошје и зеленчук, се очекува поскапување од 4.5 до 5.5%
- шеќер и слатки, се очекува поскапување од 3 до 4%
- житарки и пекарски производи, се очекува поскапување од 3 до 4%
- безалкохолни пијалаци, се очекува поскапување од 3.5 до 4.5%.
Според пишувањето на Business Insider, една од главните причини за поскапување е војната во Украина.
Освен војната, на нарушување на цените влијаат и климатските промени. Дури и пред руската инвазија, влошената климатската криза го отежна снабдувањето со храна.