Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новата цена на горивата која ќе важи од полноќ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,127 ден/кг и сега ќе изнесува 51,535 ден/кг.
Од 12.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,335 (денари/килограм)
извор: kurir.mk