На 10-та Женска трка каде учествуваа над 2000 учеснички, имаше претставнички и од компанијата ДС СМИТ
За да ја поддржат моќта на жената, 17 претставнички од компанијата DS Smith со голема мотивација и желба успешно ја истрчаа 10-тата Авицена женска трка.
- Чест и задоволство ни е што 17 претставнички од нашата компанија се придружија на овој предизвик. Огромна благодарност до колешките кои земаа активно учество на истата. Уште еднаш покажавме дека тимски можеме да одговориме на сите предизвици! - велат од DS Smith
Иако временските услови не беа идеални, ниту дождот, ниту студот не беа пречка да се истрча овој предизвик. Грижата за вработените и нивното здравје, во комбинација со тимскиот дух на DS Smith, се формула за успех со која компанијата со елан ја освојува секоја трка на пазарот во Македонија веќе долги години.
Честитки и од тимот на Вработување.ком!