Од утре, лицата кои пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат дигитален Ковид сертификат.
Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова, со наредба издадена денеска.