Земјоделците велат дека во однос на лани, значајно се зголемени трошоците за производство, но и дека има голема разлика меѓу цените по кои тие ги продаваат земјоделските производи и онаа до крајниот потрошувач.
Доматите од оранжериите во Кочани и во Штип најчесто се продаваат по цени од 180 до 220 денари на зелените пазари, а пролетната зелка што до скоро се продаваше по 70 денари за еден килограм, сега може да се најде и по 45 денари. Краставиците, пак, граѓаните може да ги купат за околу 120 денари за килограм.
Земјоделците велат дека во однос на лани, значајно се зголемени трошоците за производство, но и дека има голема разлика меѓу цените по кои тие ги продаваат земјоделските производи и онаа до крајниот потрошувач, па сметаат дека трговците прават преголем ќар на сметка на нивната мака.
Доматите на големо, од кај нас, се продаваат по 100 до 120 денари за еден килограм. Моменталната цена на краставиците е од 60 до 80 денари. Цената на зелката е 15 денари за еден килограм и таа е катастрофална. Минатата година беше меѓу 20 и 30 денари за еден килограм. Од друга страна, зелката сега ќе нема и каде да се пласира. Годинава значително се зголемија и трошоците за производство, како за нафтата, за греењето за оранжериите, а и за ѓубривото.
Математиките за трошоците сосема се промениле.
Колку за илустрација, една вреќа од 20 килограми ѓубриво лани чинеше 450 денари, а годинава е 1.500 денари.
Редовен непријател на земјоделците се и климатските промени и затоа се потенцира на тоа дека е неопходна посоодветна земјоделска политика во државава.
извор: zelenaberza.com.mk