Се плаќа името, се плаќа престижот… Повеќето производители на автомобили остварија поголем профит минатата година, и покрај тоа што се продадени помалку возила.
Ферари сè уште е шампион во автомобилската индустрија, а по него е Тесла, но бројките на американската марка електрични автомобили се далеку од италијанскиот спортски бренд.
Минатата година Ферари оствари околу 94.500 евра добивка по автомобил. Тесла е на второ место со повеќе од 6.100 евра добивка по продаден автомобил. Анализата ја објави порталот Motor1.
Извештајот покажува дека 19-те најголеми производители на автомобили во светот во просек заработиле повеќе пари по продаден автомобил минатата година.
Профитот падна од 1.168 евра по продаден автомобил во 2019 година на 811 евра во 2020 година, за да се зголеми минатата година на дури 1.903 евра по продаден автомобил.
Производителите се прилагодија на пандемијата и недостатокот на чипови, кои го погодија автомобилскиот сектор. Според експертите, индустријата главно се фокусирала на производство на најпрофитабилните модели како теренци и електрични возила.
извор: biznisinfo.mk