Македонските винарии учествуваа на еден од најголемите саеми за вино во Европа - Vinitaly 2022 кој оваа година се одржува од 10-13 Април во Верона, Италија на кој се преставени вина од 4.500 винарии, а саемот привлекува над 20.000 професионална винска публика од целиот свет.
Во рамките на саемот, се одржа и посебна Мастерклас дегустација на македонски вина од сортата Вранец и преку стручна презентација беа презентирани посебните карактеристика на оваа сорта која е најзначјна за нашата земја.
Со учеството на ваков тип на интернационални саемисе гради имиџот и препознатливоста на Македонија како винска земја во светски рамкии се остваруваат контакти со диструбутери и купувачи со цел зголемување на продажбата.
Учеството на саемот беше финансиски поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.С. Македонија, преку Програмата за поддршка на руралниот развој за 2022 година.