
Вториот ден на Велигден – 18 април, според Грегоријанскиот календар е неработен ден за верниците од католичката вероисповед во Република Северна Македонија.
Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, неработниот ден е прогласен согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07).
Од МТСП, на верниците од католичка вероисповед им го честитаат празникот Велигден.