Сон на многу луѓе кои често летаат со авион е да имаат приватен авион и да ги избегнуваат терминалите. Во зависност од вашиот буџет за патување, можеби и би можеле да изнајмите приватен авион за слетниот лет.
Летањето со приватен авион можете да си го дозволите полесно отколку што мислите. Ако летате најмалку 150 часа годипно, приватниот авион можеби би ви се исплатил повеќе од летањето со комерцијални летови.
Колку чини да се изнајми приватен авион?
Може да се каже дека мнознството луѓе немаат меѓу 1,4 и 20 милиони долари на сметка во банка за купување приватен авион. Покрај основните трошоци, морате да платите и екипаж, да купите гориво и да го одржувате леталото. Замената на една гума може да чини околу 2.000 долари.
Поседувањето авион е скапо.
Наједноставно за многу луѓе е да изнајмат авион, што се плаќа по час. Колку ќе платите, зависи од повеќе фактори како траењето на летот, големината на авионот, бројот на патници и тоа дали сте член на некој клуб.
Може да заштедите ако се приклучите во приватен аеро клуб. Основното членство во приватен аеро клуб е околу 1.000 долари месечно. На таа сума се додаваат трошоците за изнајмување на авионот, додека неограниченото членство во клубот може да чини 10.000 долари месечно.
Не морате да сте милионер за повремено да летате со приватен лет, но сигурно е дека мора да имате сериозна сума на пари за такво нешто.
Сепак, во САД има неколку начини на кои можете да летате со приватен лет низ земјата. Иако лесно може да чини и илјада долари за час, можно е и да се лета за 129 долари.
извор: факултети.мк
Колку чини летањето со приватен авион?
Zanimljivosti
-
НАСА објави нови прекрасни фотографии од Јупитер
Вселенското летало „Juno“ на НАСА помина огромно растојание во период од пет години за да стигне до орбитата на Јупитер, а долгото патување се исплатеше.
-
Се будите помеѓу 3 и 5 часот наутро? Телото има порака
Дали ви се случува да се будите многу често, да не речам секоја вечер, помеѓу 3 и 5 часот наутро? Знаете дека не сте јаделе или пиеле многу пред спиење, па телото нема причина да се разбуди, а сепак, нешто го вознемирува… Причината е невообичаена, донекаде неверојатна.
-
Италијанско село нуди куќи за 1 евро: Предност имаат американците
Имено, во село во кое населението со децении се намалуваше, уште пред американските избори, напуштените и трошни куќи се продаваа за само едно евро и се повикуваа странци да се вселат. Сега тие отворија веб-страница наменета за Американците каде што можат да ја разгледаат низата евтини домови со надеж дека оние кои не се задоволни од изборните резултати ќе одлучат да се преселат во италијанското село.
-
Во која европска земја е забрането да се вози облечен во зимска јакна?
Шпанија е земја во која е нелегално да се вози автомобил облечен во јакна. Значи, ако возите со зимска јакна и капут, може да добиете казна и до 200 евра.
-
Google воведува привремени е-адреси
Google развива нова функција наречена Shielded Email, која ќе им овозможи на корисниците да креираат привремени адреси за е-пошта, обезбедувајќи подобра заштита на приватноста. Ова e значаен чекор за корисниците на Gmail, особено за оние кои се фокусираат на безбедноста и на анонимноста.
-
Ова е најчистата земја во светот: Ќе добиете казна од 450 евра доколку не пуштите вода во тоалетот
Поради својата стратешка положба, Сингапур е наречен Гибралтар на Азија, а на санскритски „Сингапур“ значи „град на лавовите“.