Од утре облачноста полека ќе се зголемува и попладне и навечер ќе има појава на локален дожд. Во недела, како и во почетокот од следната недела ќе имаме значително постудено време со повремени врнежи од дожд – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Поповски локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на планините како и на повисоките места истите ќе преминуваат во врнежи од снег, со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.
За време на овој влажен и студен воздушен бран, услови за врнежи од дожд и снег ќе има и на некои места со помала надморска височина, а сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе опаднат дури за повеќе од десет степени во споредба со сегашните и од недела ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 13 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.