
Умерено до значително облачно време ќе преовладува денеска во земјава, а кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд претежно во посеверните делови. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а кон крајот на денот од северните делови ќе сува засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната од 18 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер кој пладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во недела и понеделник под влијание на влажна и студена воздушна маса ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во недела, особено во јужните и источните делови. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени, а од вторник на места ќе има утрински температури под нула.