Во завршна фаза е процесот на либерализација на пазарот на автоосигурувањето. Во моментов пазарот на автоодговорноста е регуриран.
Тоа е така затоа што кога се подготвувале правилата имало малку осигурителни компании, но со развој на пазарот на осигурителни компании полека се влегува во сегментот за потреба од лебарализирање на автоодговорноста. Регулаторот на пазарот со осигурителни полиси за Денар вели дека многу е битно овој процес да се направи квалитетно, односно при самата либерализација да не настанат дополнителни проблеми.
Во периодот што следи се очекуваат измени во правилата во осигурителниот бизнис. Надлежните велат дека е добро што осигурителните компании од земјава чии мајки фирми во странство, претежно во Европската унија имаат либерализиран пазар. Тие го имаат тоа искуство и знаат како да се справат, односно да ги постават позициите во сегментот како утврдувањен така и на цената и на пресметувањето на ризиците. Кога се зборува за полиси за автоодговорност или осигурување на автомобилите, колку што е битна цената толку е и битен ризикот кој ја покрива таа цена. А тоа значи, квалитетот на испорачување на услугата. Надлежните се надеваат дека заедно со комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која е формирана од страна на Владата заедно ќе го довршат процесот на либерализација кој мора да гарантира дека нема да бидат оштетени ниту осигурениците, а ниту пак да настанат проблеми кај компаниите од овој сектор.
Според планот, недисциплинираните возачи добро ќе бидат познати на осигурителните компании, и тие ќе плаќаат повисока автоодговорност. Податоците ќе може да ги добиваат од МВР, по основ на тоа колку прекршоци имале направено во текот на годината. Либерализацијата е многу посложен процес на менаџирање и тој ќе биде посложен и за компаниите и за регулаторот, во случајот Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Но сепак, надлежните сметаат дека секој осигуреник треба да има право да одбира на кој начин ќе користи одредена услуга. Но на тој начин, и компаниите добиваат интерес да бидат креативни и да нудат производи кои ќе бидат од интерес на клиентите. Очекувањата се дека тие производи ќе бидат и со различна цена, за поголемо осигурување нормално дека цената ќе биде повисока и обратно. Но од Агенцијата за супервизија на осигурувањето велат дека суштината е да се понуди избор. На тој начин ќе се зголеми квалитетот на услугата, а тоа е најбитно за граѓаните.
Информациите од терен пак се дека оваа, актуелна состојба во овој бизнис е далеку подобра за компаниите од колку слободниот пазар. Но, по одредено време кога работите ќе си дојдат на свое место и сите ќе бидат подготвени за новите правила, работите ќе се движат во позитивен правец. Либерализацијата на автоодговорноста подразбира и промени во купувањето на зелениот картон. Слободниот пазар ќе значи и спојување на зелениот картон со автоодговорноста.
Последниот збор за овие промени ќе го има владата. Засега не е познат крајниот рок кога оваа либерализација ќе се случи, но надлежните велат добро е што се работи на случајот. Инаку, податоците велат дека над 50 отсто од полисите кои се продаваат во државава се токму наменетии за автоодговорност.