Времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.
Следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има повремен локален дожд.
Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во петок и во деновите од викендот ќе има појава на локален пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури до среда наместа ќе се спуштат под нула.