
Пресметката е прилично јасна
И покрај зголемувањето на цените на енергенсите, транзицијата кон електрични автомобили сè уште е исплатлива, сметаат експертите од австрискиот авто-мото клуб OeAMTC.
На прашањето дали вреди да се префрли на електричен автомобил, експертот на OeAMTC Марк Кајзер вели дека возењето на струја е сепак поевтино.
Тој појаснува дека цената за набавка на електромобил и натаму е нешто повисока, но државите даваат бројни стимулации, а и тековните трошоци се значително помали.
Своето тврдење го докажа со споредување на „Опел корса“ на бензин и на електричен погон.
По пет години и возење 15.000 километри годишно, електричната верзија го „чинела“ сопственикот околу 24.000 евра, а бензинецот повеќе од 30.000 евра.
Но, експертот посочува дека цената на струјата на јавните полначи е зголемена и дека таа во просек изнесува 55 центи за киловат час, што е зголемување и до 20 центи.