Времето денес (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и значително потопло. Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер, со брзина и над 70 километри на час. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 5 до 16 степени.
Утре (сабота) не‘ очекува променливо облачно време со услови за дожд во претпладневните часови, додека попладне облачноста ќе се намали. Максималната дневна температура ќе биде 18 степени.
Во недела ќе владее претежно сончево и доста топло време, со температура до 21 степен.