Вредноста на минималната потрошувачка кошничка за март, според податоците на Монстат, изнесува 715,5 евра, што е за 3,1 отсто повеќе во однос на февруари.
Од вкупната вредност на минималната потрошувачка кошничка, расходите за храна и безалкохолни пијалоци изнесуваат 323,2 евра што е за 3,7 отсто повеќе во однос на февруари, се наведува во соопштението.
Статистичарите соопштија дека расходите за непрехранбени производи и услуги изнесуваат 392,3 евра, што е за 2,7 отсто повеќе во однос на февруари.
Минималната потрошувачка кошничка се однесува на потрошувачката на домаќинствата која вклучува прехранбени и непрехранбени производи и услуги, што овозможува одржување на животот и работната способност на членовите на домаќинството.