Вчера меѓу Владата и СОНК падна договор да се зголеми платата на вработените во училиштта и во градинките за по 12 отсто, а наставата која беше прекината поради штрајкот, да продолжи од среда.
Но после постигнатиот договор се огласи Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, кој преговара со Владата за зголемување на платите во целиот јавен сектор.- Пишува Фактор
„ССМ се стремеше, но и сеуште се стреми за линеарно зголемување на платите во целиот јавен сектор, и тоа за по 2.806 денари. Што значи на сите 132.000 вработени во јавниот сектор, каде што влегуваат и 35 илјади вработени во образованието, да им се зголемт платите за по 2.806 денари, од највисоките до најниските позиции, од хигиеничарката - до претседателот на државата, од помладите наствници, па се до директорите на училиштата. Она што сега го постигна СОНК со штрајкот го отвара прашањето:Дали СОНК се бореше за поголеми плати на директорите на училиштата, или за учителите и наставниците, односно работниците. Бидејќи, ако еден директор на училиште сега зема плата од околу 40.000 денари, тоа значи дека неговите 12 отсто ќе значат дека ќе добие зголемување од 4.800 денари, додека, пак, ако еден помлад наставник зема 22.000 денари, значи дека ќе има зголемување од само 2.640 денари“, се прашува Димовски.
Исто така, како што објаснува претседателот на ССМ, СОНК прифатија зголемувањето да стартува од први јули, а ССМ се залагаше и се уште за тоа преговара со Владата, зголемувањето на платите на вработените во јавниот сектор да биде од мај, или во најлошата варијанта, што е црвена линија за Синдикатот, од јуни оваа година, односно во следните шест месеци од усоглсувањето на просечната со минимлната плата.