Посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе има на 27 и 28.04.2022 година (среда и четврток), соопшти денеска МВР.
Причина за проимената на режимот е официјална посета на нашата држава на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Н.Е. Мустафа Шентон.
-Ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Од тие причини СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, се наведува во соопштението.