Томас Корли, американски деловен аналитичар, пред неколку години изврши истражување со цел да ги разгледа навиките на богатите. За петте години што ги собирал податоците, тој дошол до неколку важни заклучоци во врска со начинот на живот на милионерите и нивните навики:
Повеќето си поставиле и напишале цели и ги имаат пред себе секој ден
(Потврдено од 62% од богатите, 6% од сиромашните)
Знаат што треба да прават секој ден – имаат to do листа
(Потврдено од 81% од богатите, 19% од сиромашните)
Тие не гледаат телевизија
(Потврдено од 67% од богатите, 23% од сиромашните)
Читаат, но не за забава
(Потврдено од 86% од богатите, 26% од сиромашните)
Оваа последна навика е особено интересна бидејќи во најголем процент ја потврдиле најбогатите луѓе.
Значи, милионерите и милијардерите, според Корли, читаат за да се информираат и учат.
Како наоѓаат време за читање?
Кога би ја истражувале навиката на богатите да читаат секој ден, би добиле потврда од сите модерни деловни идоли. Бил Гејтс, Џеф Безос, Опра Винфри, Ворен Бафет, Илон Маск, Марк Кубан, Џек Ма и други актуелни извонредни бизнисмени ја нагласуваат важноста од читање секогаш кога имаат можност.
Овие бизнис херои наведуваат дека читаат најмалку две-три книги месечно, а дополнително секогаш кога се без работа слушаат аудио книги.
Одлично прашање е кога, покрај напорниот дневен распоред, тие можат да читаат затоа што читањето бара повлекување и осаменост? Џек Ма вели дека секогаш има книга со себе и ја користи секоја прилика додека чека состаноци за да прочита барем неколку страници. Бил Гејтс намерно остава слободно време за читање во текот на денот.
Правило 5 часа
Правилото „5 часа“ е всушност час читање дневно пет пати неделно. Колку и да се зафатени богатите луѓе и бизнисмените наоѓаат барем еден час да се посветат на книгите.