Денеска на сметките на 10.479 овоштари исплатени се субвенциите со вкупна вредност од 434.448.813 денари по основ директни плаќања за оддржување на постоечки овошни насади. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0.2 ха површина со постоечки овошни насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства...
Финансиската поддршка обезбедена преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе продолжи и во следниот период преку исплата на мерките од програмата за директни плаќања и интервентниот фонд.
Исто така, а согласно новата Програма за директни плаќања, од оваа година за прв пат стартува пилот мерка во овоштарството за линеарна субвенција.
Оваа мерка е по основ на европската мерка „decoupling“, која подразбира линеарна исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата. Новитет е што исплатата за оваа мерка ќе се врши во тековната година, во периодот од септември 2022 година до декември.
Да биде појасно, сите овоштари ќе добијат авансно 12.000 денари од вкупната сума колку што изнесува основната субвенција во тековната година, односно кога им се најпотребни во ек на берба, а остатокот од основната субвенција ќе се исплати следната година како и досега. Практично, со овој модел овоштарите оваа година ќе имаат две исплати.
извор: mrt.com.mk