Макпетрол АД Скопје, според Предлог-одлуката, од вкупната тековна добивка за 2021 година во износ од 1.374.003.296 денари, ќе подели дивиденда во висина од 303.432.000 денари бруто.
На акционерите на Макпетрол ќе бидат исплатени 3.000 денари бруто за една акција. Последен ден на тргување со право на дивиденда се утврдува 17.6.2022 година.
За прв ден на тргување без право на дивиденда се утврдува 20.6.2022 година.
Исплата на дивидендата ќе се изврши до 30.9.2022 година.
извор: denar.mk