Факултетот ве подготвува за вистинскиот живот. Тој ве учи како да преживеете излезени до 5 наутро и сепак да стигнете на предавања во 8 часот. Плус тоа, факултетот ве формира како личност, па затоа без сомнеж тие години се еден од најважните периоди во животот. Во тие четири години се претворате од нервозно 18-годишно дете во возрасна личност со сериозни планови и цели.
Сепак, помеѓу последното предавање и вашата прва работа, мора да се здобиете со вештини кои факултетот едноставно не ви ги нуди. Нема предавање кое ќе ве научи како да се облечете за интервју или како да се однесувате на состанок. Затоа, ги издвоивме 5-те лекции кои ќе ги научите за време на вашето прво работно искуство.
1. Како да бидете утринска личност
Иако во 8 требаше да бидете на предавање, факултетот сепак беше лесен. Можевте да се облечете како што сакате и слободно да излезeте. Во зависност од тоа како сте расположени, можевте да учествувате на предавањето или да поспиете ако имате време.
За жал, работата ги нема тие предности. Спиењето на работното биро не е незабележливо како во библиотека или во амфитеатар. Веројатно ќе имате еден тон работа која ќе ве држи зафатени, а ниеден дел од неа не ќе можете да ја преспиете.
Работата ќе ве научи да се будите уште при првиот звук на алармот, а не да се превртувате во креветот и да го користите копчето снуз. Исто така ќе ве научи да бидете брзи за да имате време да купите од таа прекрасна напивка позната под името кафе и сепак да стигнете на време до вашето работно биро, спремни да се соочите со денот и вашите обврски.
2. Политика на канцеларијата
Факт е дека нема сите да бидат фини и на сите да им се допаѓате. За голем број луѓе тоа е најтешката промена. Ние луѓето, сме навикнати оние околу нас да нѐ сакаат, па кога ќе тргнеме на работа тоа не е баш така. Секогаш ќе постојат луѓе на кои нема да им се допаѓате, кои не сакаат да се занимаваат со вас или кои ќе се потрудат беспотребно да ви ја отежнат работата. Бидете спремни и запомнете – не го земајте тоа при срце.
3. Како да се облекувате
Најдобриот совет кој ќе го чуете е „Облекувај се за работата што ја сакаш, а не за работата што ја имаш.“ Вашата прва работа можеби нема да биде вашата професија од соништата, но за да дојдете до неа има многу работа. Меѓу првите нешта – да изградите плакар кој е соодветен за работното место.
Првите впечатоци се многу важни – не смеете да доцните нити да изгледате како само што да сте станале од кревет. Изгледајте професионално, тоа е многу важно. Ќе чувствувате многу поголема самодоверба, ќе изгледате поспособни и побрзо ќе напредувате. За почеток набавете ги основите: црни пантолони со прав крој, удобни обувки и за жените – здолниште во А-линија. Исто така не заборавајте на сакото и едноставна, но практична чанта.
4. Како да го извлечете максимумот од вашето слободно време
Голема е веројатноста дека вашата работа нема да ви остави многу простор за слободни активности. Затоа направете добар распоред. Кога имате одмор, без разлика дали за време на викенд или навечер, сакате да го извлечете максимумот од тоа. За среќа, колку помалку време имате за нешто – толку повеќе го цените тоа малку време. Плус, секогаш постои паузата за ручек.
5. Како да се справите со транзицијата
Воопшто не е забавно да трчате и да се туркате во автобус. Ќе треба порано да станувате, да бидете малку порано од точното време на постојката и треба да имате разонода во целото тоа време. Слушајте поткасти кои можат да се најдат на многу различни теми, па сигурно нешто ќе ви се допадне.
Тие се одлични и за во воз. Ако повеќе сакате да читате, периодот додека патувате е одличен за да прочитате уште неколку страници од некоја интересна книга. Овие мали нешта ќе ви ја олеснат транзицијата што дури можеби ќе се радувате на неа.