Електричен автомобил ќе се произведува во Србија! Производството на електрични возила ќе започне во „Застава“ кон средината на 2024 година.
Тоа возило ќе го претставува природниот „наследник“ на автомобилот „фиат 500Л“, кој моментално се произведува во фабриката во Крагуевац.
Не е потврдено дека ќе биде „фиат панда“, но сигурно ќе биде автомобил на концептот Centovento на Фиат.
„Денес започнуваме нова ера во инвестициите во нашата земја и во нашето однесување во иднина. Потпишавме договор за финансирање на електричен автомобил што ќе се произведува во Крагуевац“, изјави неодамна српскиот претседател Александар Вучиќ.
Погледнете како ќе изгледа автомобилот наречен „струјадин“.